ПРВ.мк
Балкан

ПАНИКА НА БАЛКАНОТ: Закани за бомби во училишта и на аеродром – полицијата на нозе низ повеќе градови!

ПАНИКА НА БАЛКАНОТ: Закани за бомби во училишта и на аеродром – полицијата на нозе низ повеќе градови!

На електронските адреси на Владата, полицијата, Агенцијата за национална безбедност, како и на неколку медиуми утрово пристигнала вознемирувачка порака со закана за наводни бомбашки напади во 24 училишта. Во пораката била приложена и фотографија од автоматско оружје, а заканата се однесувала и на аеродромот во Подгорица.

Според информациите од полицијата, дојави за бомби биле регистрирани во повеќе градови низ Црна Гора, што дополнително ја зголемило загриженоста кај јавноста.

Во пријавите било наведено и дека експлозивна направа е поставена кај патник на лет за Лондон, кој требало да полета од Подгорица. Според достапните податоци, летот бил планиран за утринските часови, додека претходно бил предвиден и пристигнување на авион од британската престолнина.

Од полицијата информираат дека заканите се однесуваат на училишта во Подгорица, Бар и Улцињ, каде веќе се преземаат безбедносни мерки.

Надлежните служби посочуваат дека се во тек проверки и активности во рамки на нивните надлежности со цел да се утврди веродостојноста на пријавите и да се обезбеди сигурноста на граѓаните.

Најнови вести