Ноќеска околу 01:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, 43-годишниот А.Ѓ. од Скопје бил нападнат со остар предмет од едно лице.
Повредениот бил нападнат под засега неразјаснети околности, а напаѓачот по инцидентот се дал во бегство.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.










