ПРВ.мк
Македонија

Подобрени услови за живот: Поплочен нов пристапен пат во населба Брушани!

Подобрени услови за живот: Поплочен нов пристапен пат во населба Брушани!

Завршено е поплочувањето на пристапниот пат во населба Брушани, на површина од 600 м², како дел од Програмата за комунална изградба за 2025 година.

Со реализацијата на овој проект се овозможува побезбеден и полесен пристап за жителите, како и значително подобрување на секојдневните услови за живот во населбата.

Општината најавува продолжување на инвестициите во инфраструктурни проекти со цел понатамошен развој и унапредување на локалната заедница.