ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Малолетничка била однесена во шума и вознемирувана!

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Малолетничка била однесена во шума и вознемирувана!

Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти дека е пријавен случај на вознемирување и недозволиво допирање на малолетно лице, во кој, според наводите, е инволвирано лице со иницијали Х.И.

Според пријавата поднесена од 22-годишна жителка на тетовско подрачје, осомничениот во повеќе наврати ја вознемирувал нејзината малолетна сестра. Во еден од случаите, тој наводно ја навел да влезе во неговото возило и ја однел во шумски предел, каде што ја допирал по телото.

Подоцна, според истата пријава, во парк во Тетово се обидел со сила да ја внесе во возило, но бил спречен од нејзини пријатели.

За случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.