ПРВ.мк
Македонија

Владата и Собранието донесоа важни одлуки!

Владата и Собранието донесоа важни одлуки!

Собранието денеска на пленарна седница го усвои предлогот за продолжување на рокот на кризна состојба на територијата на Македонија, поради ризици од нарушено снабдување со нафта и нафтени деривати.

Одлуката претходно доби поддршка и од Комисијата за одбрана и безбедност. Кризата ќе трае до 20 јули 2026 година, а ќе стапи на сила од 21 април, по објавувањето во „Службен весник“.

Пратениците беа информирани дека ваквата мерка е резултат на влошената безбедносна и енергетска состојба, поврзана со ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток и нарушувањата во транспортот на сурова нафта низ Ормутскиот теснец.

Со оваа одлука, Владата и надлежните институции ќе продолжат со координирано управување со состојбата и примена на мерки за обезбедување стабилно снабдување со енергенси.