ПРВ.мк
Спорт

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ НБА: Уапсен познат кошаркар - ова е причината!

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ НБА: Уапсен познат кошаркар - ова е причината!

Играчот на Мемфис Гризлис, Брендон Кларк, бил уапсен во американската држава Арканзас под обвинение за брзо возење и поседување забранета супстанција.

Според информациите, полицијата го привела во средата попладне, при што покрај брзото возење, му се става на товар и обид за бегство, како и наводно поседување недозволена супстанција.

Тренерот на Мемфис, Томас Исало, кратко изјавил дека е запознаен со случајот, но одбил да даде дополнителен коментар.

Кларк оваа сезона одигра само два натпревари поради проблеми со повреди. Од клубот на 24 март информираа дека ќе отсуствува до крајот на сезоната, но се очекува да биде целосно подготвен за следната натпреварувачка година.

Најнови вести