ПРВ.мк
Спорт

ФОРМУЛА 1 СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА: Јужна Кореја гради брутална патека – 300.000 туристи во транс поради овој проект!

ФОРМУЛА 1 СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА: Јужна Кореја гради брутална патека – 300.000 туристи во транс поради овој проект!

Љубителите на брзината се во делириум! По цели 15 години пауза, елитниот циркус на Формула 1 е на чекор до спектакуларно враќање во Јужна Кореја. Градоначалникот на Инчон, Ју Џонг-бок, веќе ги „запали моторите“ со најавата дека градот е подготвен да стане новиот глобален центар на адреналинот.

Планот е повеќе од амбициозен – во срцето на модерниот парк Сонгдо ќе никне патека долга речиси 5 километри (4.960 метри), која ќе ги тестира границите на најдобрите возачи на светот. Властите не кријат дека целат кон „џекпот“: се очекува еден тркачки викенд да привлече неверојатни 300.000 фанови од земјата и странство, што ќе донесе милионски профит за локалната економија.

Градот Инчон, познат како меѓународен хаб во близина на Сеул, е совршената локација за ваков мега-настан. Последен пат Кореја беше домаќин на Ф1 трка во 2013 година, но тогашната патека во Јеонгам беше мета на критики поради лошата локација. Овојпат, грешки нема да има – целта е јасна: старт на трката во 2028 година!

Инчон се подготвува за економска револуција, а Ф1 фановите веќе ги одбројуваат деновите до првиот звук на моторите на Сонгдо. Дали ова ќе биде најубавата градска патека во календарот? Сè укажува на тоа!

Најнови вести