ПРВ.мк
Свет

ЌЕ СЕ ТРЕСЕ ЛИ БЛИСКИОТ ИСТОК? Иран упати застрашувачка порака – Армијата е на нозе, а еве што се подготвува со САД!

ЌЕ СЕ ТРЕСЕ ЛИ БЛИСКИОТ ИСТОК? Иран упати застрашувачка порака – Армијата е на нозе, а еве што се подготвува со САД!

Тензиите на Блискиот Исток достигнаа точка на вриење откако Техеран испрати децидна порака која одекна во светските медиуми. По официјалното барање од страна на Пакистан за продолжување на примирјето, одговорот на Иран не остави многу простор за толкување – земјата е во состојба на целосна воена приправност.

Портпаролот на иранското министерство, Багаи, истакна дека државниот врв будно ја следи секоја промена, како на военото поле, така и во политичките кулоари. Пораката е јасна: секој обид за загрозување на иранскиот суверенитет ќе наиде на челичен ѕид. Вооружените сили веќе добиле инструкции да бидат подготвени за „сеопфатна одбрана“ против секаков вид закана или „зло“ што би можело да се насочи кон нацијата.

Иако реториката е остра, Иран не ги затвора целосно вратите за дипломатијата, но поставува строги услови. На прашањето за евентуални нови преговори со САД, официјален Техеран останува претпазлив. Преговори ќе има, но само под еден услов:

„Иран ќе се врати на преговарачката маса само кога ќе се утврди дека постојат логични основи и кога тоа директно ќе им служи на националните интереси.“

Оваа изјава сугерира дека Техеран повеќе нема да прифаќа разговори „ради реда“, туку бара конкретни отстапки и јасна корист. Додека светот со нетрпение чека да види дали ќе преовлада разумот или оружјето, Иран јасно стави до знаење – подготвени се за двете сценарија.

Најнови вести