ПРВ.мк
Балкан

Трагедија во Луизијана: Има повеќе жртви, меѓу нив и деца - ова се деталите!

Трагедија во Луизијана: Има повеќе жртви, меѓу нив и деца - ова се деталите!

Тешка трагедија го потресе градот Shreveport во американската сојузна држава Louisiana, каде во раните утрински часови беа убиени осум деца во вооружен напад што властите го поврзуваат со семеен конфликт.

Според информациите од полицијата, вкупно десет лица биле застрелани на три различни локации, во две куќи на улицата Вест и една на Харисон. Жртвите биле на возраст од само една до 14 години, додека две лица преживеале со повреди.

Осомничениот за нападот, за кој се верува дека бил во роднинска врска со дел од жртвите, бил ликвидиран од полицијата по кратка потера. Истражителите сè уште работат на утврдување на точните мотиви и околности.

Портпаролот на полицијата, Крис Борделон, изјави дека станува збор за „обемно место на злосторство, различно од сè што досега го виделе“, нагласувајќи дека истрагата опфаќа повеќе локации.

Градоначалникот Shreveport, Tom Arceneaux, ја опиша ситуацијата како една од најтешките трагедии во историјата на градот.

„Ова е ужасно утро. Ништо слично не се случило досега тука“, изјави тој.

Локалната заедница е во шок, додека надлежните продолжуваат со собирање докази од трите локации каде се случило пукањето, кое веќе се смета за едно од најсмртоносните во САД во последните години.