ПРВ.мк
Свет

Полицијата го неутрализираше напаѓачот во Луизијана – истрагата открива нови мрачни детали!

Полицијата го неутрализираше напаѓачот во Луизијана – истрагата открива нови мрачни детали!

Осум деца на возраст од 1 до 14 години се убиени во масовно пукање во Шривпорт, во американската држава Луизијана, во неделата наутро. Според локалните власти, осомничениот напаѓач подоцна бил убиен од полицијата за време на потерата.

Портпаролот на полицијата во Шривпорт, Кристофер Борделон, на прес-конференција изјави дека дел од децата биле во роднинска врска со напаѓачот и дека пукањето се случило во три различни куќи. Тој додаде дека вкупно најмалку десет лица биле погодени од куршуми, но не даде подетални информации за состојбата на преживеаните.

Инцидентот се случил околу 6 часот наутро и, според полицијата, е класифициран како семеен конфликт. Борделон истакна дека името на напаѓачот ќе биде објавено откако ќе бидат известени семејствата на жртвите, нагласувајќи дека дел од убиените деца се негови потомци.

Градоначалникот на Шривпорт, Том Арсено, ја опиша трагедијата како една од најтешките во историјата на градот.

Според податоци што ги наведуваат локалните медиуми, оваа година во САД се регистрирани најмалку 119 масовни пукања, со 117 загинати и стотици повредени, меѓу кои и значителен број деца.