Четириесет и четиригодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во одводна шахта додека управувала велосипед на улицата „Жан Жорес“ во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 7 јуни во 16:40 часот од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што била донесена повредената С.С. од Скопје.
Како што е наведено во пријавата, несреќата се случила претходниот ден, на 6 јуни околу 21:00 часот, кога жената, управувајќи велосипед по улицата „Жан Жорес“, паднала во одводна шахта и се здобила со сериозни повреди.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а надлежните служби работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.







