Руски сили извршија балистички напад врз Киев, поради што во главниот град и во повеќе области е прогласена воздушна тревога, јавува „Украинска правда“.
Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека во градот се слушале експлозии и дека противвоздушната одбрана е активна. Тој апелира до граѓаните да останат во засолништа. Началникот на Киевската воена управа, Тимур Ткаченко, исто така информира дека нападот е во тек.
Украинските воздухопловни сили наведуваат дека брзи воздушни цели се регистрирани над Черниговската област, движечки се кон Киев. Веднаш по нападот, во најмалку еден округ во Киев снемало струја. Државниот енергетски оператор „Укренерго“ предупреди дека енергетскиот систем е под големо оптоварување, со делумно исклучени нуклеарни електрани по масовниот напад врз инфраструктурата ноќта помеѓу 7 и 8 февруари.
Ситуацијата е особено критична бидејќи граѓаните веќе со денови имаат струја само еден и пол до два часа дневно, а во наредните денови се очекува екстремно ниска температура до -19 Целзиусови степени, што дополнително ќе го оптерети енергетскиот систем.

















