Во Велес, полицијата синоќа го привела 52-годишниот М.У., кој прво се јавил во полициска станица и ги омаловажувал службените лица, а подоцна агресивно се однесувал и на улицата „Јовче Тикваров“ кон полицајци кои вршеле службени дејствија.
Кај него биле измерени 3,06 промили алкохол во крвта. М.У. е задржан во станицата, а против него ќе следуваат соодветни пријави по целосно документирање на случајот.

















