На 8 февруари 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода 21-годишниот Б.С. од Албанија поради нелегално превезување мигранти.
Настанот се случил околу 01:55 часот на излезот од Гевгелија кон автопатот А1, кога патролата запрела патничко возило марка „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од Б.С. При контрола било утврдено дека во возилото се превезувале пет лица мигранти – четворица од Египет и едно лице од Судан.
По целосно документирање на случајот, против Б.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, согласно законските прописи за нелегално превезување на странци.

















