ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА И СКАНДАЛ ВО ГАК: Бебе починало, семејството не било известено - што всушност се случвало таму?

ТРАГЕДИЈА И СКАНДАЛ ВО ГАК: Бебе починало, семејството не било известено - што всушност се случвало таму?
Kristal

Надежно бебе, кое имало реална шанса за живот, починало на интензивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје на 1 октомври годинава. Според официјалното објаснување кое му било дадено на семејството, смртта била претставена како неизбежна трагедија.

Сепак, документи до кои дојде „Слободен печат“ откриваат поинаква приказна. Началничката на одделот за интензивна нега, д-р супспецијалист Елизабета Петковска, ја пријавила педијатарката од одделот, д-р Емилија Бадева, наведувајќи дека „нејзиното несоодветно лекување предизвикало компликации од кои умрело бебето“.

Овој случај отвора сериозни прашања за одговорноста и процедурите во здравствените институции, како и за тоа дали трагичните исходи се навистина резултат на медицински компликации или пак на пропусти во третманот.

FixCredit
Escape