ПРВ.мк
Свет

НАЈНОВА ВЕСТ: Се урна авион - првични детали за трагедијата!

НАЈНОВА ВЕСТ: Се урна авион - првични детали за трагедијата!
Kristal

Најмалку седум лица го губат животот при пад на мал авион во централно Мексико, додека уште три се водат како исчезнати, соопштија мексиканските воздухопловни власти. Несреќата се случила во индустриска зона во градот Толука, во близина на локалниот аеродром.

Иако нема пријави за повредени на земјата, ударот на леталото предизвикал пожар. Авионот, Cessna Citation, полетал од туристичкиот град Акапулко на Тихоокеанскиот брег и се упатил кон Толука. Според извештаите, во авионот имало двајца членови на екипажот и осум патници, меѓу кои и три деца.

Во последната комуникација со контролата на летање, пилотот наводно рекол: „Се уриваме“. Снимки од безбедносните камери ги забележале последните моменти пред падот.

Сведоци изјавиле дека пилотот се обидел да слета вонредно на фудбалско игралиште, но авионот се удрил со голема брзина во земјата, погодувајќи работилница за поправка на камиони.

Причината за падот засега не е позната.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape