ПРВ.мк
Магазин

(ФОТО) Еве каде е најмагичното божиќно село - бајка што мора да се доживее!

(ФОТО) Еве каде е најмагичното божиќно село - бајка што мора да се доживее!
Kristal

Доколку барате дестинација што вистински го доловува духот на празниците, но без студот и мразот – тогаш италијанското селце Локоротондо е местото каде што божиќната магија станува реалност. Ова мало, шармантно гратче во регионот Апулија се претвора во вистинска зимска бајка – на италијански начин, со стил и топлина која тешко се заборава.

Камените улички се претворени во светлечки тунели од лампиони, светилки и празнични украси, а на секој чекор ве пречекуваат симпатични Дедо Мразовци, црвени панделки и декоративни детали што му даваат посебен шмек на ова место.

Локоротондо е само 70 километри од Бари, а патувањето до таму е едноставно – лет до Бари и кратко патување низ убавините на Апулија.

Она што го прави ова село посебно е фактот што локалците ги украсуваат своите домови и локали во свој, автентичен италијански стил, создавајќи хармонија што го обвива целото место со празнична топлина.

Традиционалниот италијански амбиент – белите куќички, тесните улички и шармантните тераси – совршено се вклопуваат со божиќната декорација, претворајќи го Локоротондо во едно од најубавите божиќни селца во Европа.

Ова е дестинација која дефинитивно вреди да се посети, било за викенд бегство, романтичен одмор или едноставно за да се почувствува магијата што ја има само Италија во празничниот период.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape