МВР информира дека на 21. овој месец во 19:40 часот во СВР Скопје, 48-годишно лице од Скопје пријавило дека неговата малолетна ќерка била изложена на уцена од малолетник со кого претходно била во емотивна врска.
Според пријавата, малолетникот се заканувал дека доколку таа не ја продолжи врската, ќе објави експлицитни фотографии од неа.
За случајот е известен јавен обвинител, а надлежните служби преземаат мерки за негово целосно расчистување.










