Општина Аеродром започна активности за целосно расчистување на запуштената локација зад ТЦ „Бисер“, во близина на трите кули, каде што претходно биле поставени нелегални импровизирани објекти.
– По извршениот увид од општинските инспекциски служби, во соработка со екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности, веднаш се пристапи кон чистење и уредување на просторот – соопштија од локалната самоуправа.
Општината најавува дека во наредниот период локацијата ќе прерасне во модерно и пријатно катче за граѓаните, опремено со нова урбана опрема и хортикултурно уредување.
– Ваквите акции за унапредување и заштита на јавниот простор ќе продолжат и во иднина, со цел создавање на почиста, поубава и побезбедна животна средина за сите жители на Аеродром – нагласуваат од Општината.

















