Денес во Владата се одржа значајна средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој е во официјална посета на Фудбалската федерација на Македонија на покана на претседателот Масар Омерагиќ, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски.
На средбата се разговараше за идните насоки за унапредување на фудбалот во земјата, со посебен акцент на реализација на инфраструктурни проекти, како и на развојот и поддршката на младинските категории.
Беше истакната заедничката определба за продлабочување на соработката со УЕФА преку нови проекти и иницијативи, насочени кон создавање подобри услови за развој на фудбалот на сите нивоа.
Се очекува оваа средба да придонесе за нови можности и зајакнување на македонскиот спорт во иднина.











