ПРВ.мк
Свет

ЗАГЛАВЕНИ ВО КАЛТА: Израелската офанзива во ќорсокак – Како Хезболах ги претвори симболичните градови во пекол за елитните баталјони?

ЗАГЛАВЕНИ ВО КАЛТА: Израелската офанзива во ќорсокак – Како Хезболах ги претвори симболичните градови во пекол за елитните баталјони?

Иако израелската армија со недели фрла сè што има врз стратешките упоришта Бинт Џбеил и Кхиам, ситуацијата на теренот е далеку од победа. Наместо брзо заземање, израелските трупи се соочуваат со „ѕид“ од отпор, урбана герила и терен кој ги голта нивните планови. Како два града со огромна симболика станаа несовладлива пречка за една од најмоќните армии во светот?

Бинт Џбеил не е само територија – тоа е градот каде Израел своевремено беше наречен „послаб од пајажина“. Израелците се обидоа со истата тактика како во Газа: изолација, палење на периферијата и користење на камиони-бомби на далечинско управување. Сепак, Хезболах ја „прочита“ играта. И покрај бомбардирањата, клучните точки како славниот стадион и градските џамии останаа надвор од израелскиот дофат.

Борбите биле толку брутални што извори од теренот откриваат шокантни детали:

  • Чудо на фронтот: Единиците на Хезболах двапати се обиделе да го ликвидираат командантот на 52-от баталјон на Израел. Тој преживеал „по чудо“ и моментално се бори за живот на интензивна нега.
  • Суровост кон сопствените: Израел ја активирал озлогласената Ханибалова директива – кога губеле контакт со своите војници, почнале да гранатираат на само 20 метри од нив за да спречат нивно заробување, дури и по цена на нивните животи.
  • Заседа во последна минута: Специјалците на „Радван“ пред самото примирје збришале 10 израелски падобранци за само неколку минути.

Слична е сликата и во Кхиам, градот кој ја крие мрачната историја на израелските затвори. Израел не успеа да го опколи ниту да ги прекине линиите за снабдување кои носат муниција од долината Бек. Без овие два града, израелската идеја за „тампон зона“ од 10 километри е само пуста желба.

Наместо стабилна контрола, израелските војници се распоредени во изолирани џебови, изложени на постојани напади. Хезболах докажа дека ова не е само борба за територија, туку војна на издржливост во која Израел не успеа да ја добие својата „симболична награда“. Битката заврши, но митот за непобедливоста на теренот повторно е ставен под голем знак прашалник!

Најнови вести