ПРВ.мк
Црна Хроника

Ноќна драма во Велес: Двајца велешани завршија во полиција по инцидент во казино

Ноќна драма во Велес: Двајца велешани завршија во полиција по инцидент во казино

Двајца жители на Велес завршија во полициска станица откако под дејство на алкохол го нарушиле јавниот ред и мир во казино во градот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни околу 01:00 часот полициски службеници од СВР Велес ги привеле Џ.А. (46) и Б.Ј. (24), двајцата од Велес, поради дрско и непристојно однесување во казино.

По преземените мерки било утврдено дека двајцата биле под дејство на алкохол. Кај Џ.А. биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта, додека кај Б.Ј. биле констатирани 1,47 промили.

По инцидентот, двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од полицијата информираат дека се преземаат сите законски мерки за расчистување на настанот.