ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија во училиште: Деветгодишено дете се задавило со храна пред очите на соучениците - сцената била застрашувачка

Трагедија во училиште: Деветгодишено дете се задавило со храна пред очите на соучениците - сцената била застрашувачка

Голема трагедија го потресе хрватскиот град Велика Горица, откако деветгодишен ученик почина за време на училишен одмор поради задушување со храна.

Според информациите на хрватските медиуми, инцидентот се случил околу 15 часот во основно училиште, кога момчето за време на одморот јадело крофна. Во еден момент, наводно вдишало поголемо парче храна кое му ги блокирало дишните патишта.

Учениците и наставниците веднаш забележале дека нешто не е во ред. Детето почнало да се гуши, ја изгубило свеста и паднало на земја. Наставниците веднаш повикале Итна медицинска помош и започнале со реанимација.

Кога медицинската екипа пристигнала на местото, детето веќе не давало знаци на живот. Лекарите ја продолжиле реанимацијата со сите расположливи средства, вклучувајќи напредни медицински процедури и лекови.

Според докторката Сања Кос од Загребскиот завод за итна медицинска помош, борбата за животот на момчето траела околу 50 минути.

„Направивме сѐ што беше во наша моќ, но за жал не успеавме да го спасиме“, изјавила докторката, изразувајќи сочувство до семејството.

Трагедијата предизвика шок кај учениците, наставниците и жителите на Велика Горица. Поради тешкиот настан, во училиштето е најавено доаѓање на кризен тим кој ќе обезбеди психолошка поддршка за децата и вработените.

Надлежните институции ги утврдуваат сите околности на случајот, додека училиштето и локалната заедница жалат за прерано згаснатиот млад живот.