ПРВ.мк
Црна Хроника

Филмско апсење на аеродромот: Осомничен за разбојништво падна пред лет

Филмско апсење на аеродромот: Осомничен за разбојништво падна пред лет

Тетовец осомничен за разбојништво во спортска обложувалница е приведен на Меѓународниот аеродром Скопје, само неколку часа по извршувањето на делото.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, денеска во 11:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Меѓународен аеродром Скопје го лишиле од слобода Р.З. (26) од Тетово, поради сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.

Претходно, во текот на ноќта околу 02:00 часот, во СВР Тетово било пријавено дека во спортска обложувалница во Тетово непознато лице со закана со остар предмет одзело пари од дневниот промет.

Пријавата ја поднел вработениот Г.С. (38) од Тетово, по што полицијата започнала интензивна потрага по сторителот.

По преземените мерки и активности, осомничениот бил лоциран и приведен на скопскиот аеродром.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.