ПРВ.мк
Црна Хроника

СЦЕНИ КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: 19-годишник со секира усмртил 48-годишен маж и го запалил телото!

СЦЕНИ КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: 19-годишник со секира усмртил 48-годишен маж и го запалил телото!

Српската полиција го уапси А.Ѓ. (19) под сомнение за сторено кривично дело тешко убиство.

Според информациите, осомничениот во текот на ноќта на 19 април, по претходна расправија и физички конфликт, со секира усмртил 48-годишен маж. Следната ноќ, како што се наведува, го пренел телото во атарот на селото Хртковци, каде го полеал со бензин и го запалил.

По брза полициска акција, осомничениот е пронајден и лишен од слобода. Со наредба на Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица, му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.