ПРВ.мк
Спорт

ШОК НА „СТЕМФОРД БРИЏ“: Гарначо на излезна врата – Челзи бара 45 милиони евра!

ШОК НА „СТЕМФОРД БРИЏ“: Гарначо на излезна врата – Челзи бара 45 милиони евра!

Челзи е подготвен за голема чистка ова лето, а една од најизненадувачките одлуки е ставањето на Алехандро Гарначо на трансфер-листата.

Аргентинскиот офанзивец, кој пристигна од Манчестер Јунајтед со големи очекувања, не успеа да ги оправда надежите на раководството и навивачите. Неговите настапи беа под очекувањата, а последниот меч само ја прели чашата – без конкретен учинок, со многу загубени топки и без вистинска закана кон противничкиот гол.

Од „Стемфорд Бриџ“ веќе донеле конечна одлука: Гарначо нема иднина во клубот. За неговите услуги се бара сума од околу 45 милиони евра, а интерес наводно покажуваат неколку клубови, меѓу кои и аргентинскиот гигант Бока Јуниорс.

Сепак, останува отворено прашањето дали младиот фудбалер ќе се одлучи за враќање во Јужна Америка или ќе се обиде да ја рестартира кариерата во некој европски клуб.

Јасно е едно – приказната на Гарначо во Челзи, барем според актуелните најави, е пред крај.