ПРВ.мк
Балкан

КРВАВА ДРАМА НА БАЛКАНОТ: Тројца убиени, градот под опсада – полицијата трага по напаѓачот!

КРВАВА ДРАМА НА БАЛКАНОТ: Тројца убиени, градот под опсада – полицијата трага по напаѓачот!

Шок и страв ја потресоа Подгорица откако во куќа во населбата Стари Аеродром беа пронајдени телата на тројца мажи.

Според информациите од Полиција на Црна Гора, се работи за тројно убиство, а на терен веднаш биле распоредени силни полициски сили кои го блокирале поширокото подрачје. Градот е под засилени безбедносни мерки, додека трае потрагата по осомничениот.

Надлежните соопштуваат дека имаат сознанија за идентитетот на сторителот – се работи за В.М. (25) од Рожаје, по кого интензивно се трага. Според првичните информации, злосторството најверојатно му претходеле лични расправии, а не е поврзано со организиран криминал.

Истрагата покажува дека убиствата се извршени со ладно оружје, а сите жртви, како и осомничениот, потекнуваат од Рожаје.

Очевидци сведочат за паника меѓу жителите, додека полициските патроли го обезбедуваат секој агол од населбата. Дел од улиците се затворени, а контролите се засилени.

Од полицијата најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите нови детали, додека потрагата по осомничениот продолжува со засилено темпо.