Фудбалската федерација на Македонија ја претстави Fanzeal – официјалната мобилна платформа наменета за навивачите, федерацијата и партнерите, која има за цел да го унапреди дигиталното искуство во македонскиот фудбал.
Преку Fanzeal, корисниците добиваат пристап до ексклузивни содржини, интерактивни игри и квизови, како и Match Center со статистика во живо, што овозможува следење на сите важни моменти од натпреварите во реално време.
Еден од најинтересните сегменти на платформата е програмата за лојалност, преку која навивачите можат да собираат поени и да освојуваат различни награди.
Дополнително, апликацијата овозможува директна продажба на официјална спортска опрема и навивачки реквизити, нудејќи целосно дигитално искуство за љубителите на фудбалот.
За деловните партнери, Fanzeal отвора нови можности за дигитална промоција преку спонзорства, брендирани содржини и персонализирана комуникација со навивачите.
Со континуираниот раст на корисничката база и модерната технолошка инфраструктура, Fanzeal претставува важен чекор во дигиталната трансформација и модернизацијата на македонскиот фудбал.
Апликацијата е достапна за преземање на уредите со iOS и Android оперативни системи.







