ПРВ.мк
Магазин

Ѕвездата од „Игра на тронови“ живеела со погрешно име цело детство

Ѕвездата од „Игра на тронови“ живеела со погрешно име цело детство

Британскиот актер Кит Харингтон откри необичен детал од своето детство – до својата 11-та година воопшто не знаел дека Кит не е неговото вистинско име.

Ѕвездата од светски популарната серија „Игра на тронови“ всушност е родена како Кристофер Кејтсби Харингтон, но уште од најрана возраст сите околу него го викале Кит.

Вистината ја дознал за време на училишен тест, кога наставниците му објасниле дека во официјалните документи е запишан како Кристофер Харингтон.

„Тоа беше прилично бизарна егзистенцијална криза за едно 11-годишно дете“, изјавил актерот, присетувајќи се на моментот кога дознал дека името со кое живеел не е неговото официјално име.

И покрај тоа откритие, Харингтон никогаш не почнал да го користи името Кристофер, бидејќи Кит веќе станало неразделен дел од неговиот идентитет.

Актерот светска слава стекна со улогата на Џон Сноу во серијата Game of Thrones, а неодамна потврди дека планираната спин-оф серија посветена на неговиот лик е откажана поради недостаток на соодветна приказна.