Брисел е подготвен за радикален чекор кој засекогаш ќе го промени начинот на кој сурфаме! Урсула фон дер Лајен ја фрли „бомбата“: Европската унија веќе ја има подготвено апликацијата која ќе биде задолжителен чувар на интернет портите. Ако досега кликавте „имам 18 години“ без никаква потврда, подгответе се за дигитална револуција која стапува на сила веќе ова лето!
Инспирирани од дигиталните потврди за време на пандемијата, ЕУ креираше систем кој ќе бара верификација на возраста пред да пристапите до која било платформа. Без разлика дали сакате да користите социјални мрежи или да гледате специфични содржини, ќе мора да поминете низ овој дигитален филтер. Целта е сурова заштита на најмладите од предатори и несоодветни содржини, поставувајќи ја безбедноста на децата како апсолутен приоритет.
Иако звучи како строга контрола, властите уверуваат: „Вашите податоци се безбедни!“ Новата апликација е дизајнирана така што ќе ја потврди вашата возраст без да ги открие вашето име, адреса или лични документи на платформите. Сите информации ќе останат „заклучени“ исклучиво на вашиот телефон, а не во масивни бази на податоци на интернет гигантите.
Тестирањата веќе „горат“ во Франција, Италија и Шпанија, а наскоро се очекува целиот континент да го прифати овој модел. Големите платформи ќе бидат законски принудени да ја имплементираат оваа алатка, што значи дека деновите на неконтролиран пристап до интернет се одбројани.
Дали ова е врвна заштита или вовед во тотална контрола? Одговорот ни пристигнува со првите летни горештини!










