ПРВ.мк
Свет

ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ПЕКОЛОТ: Светот во паника, утре во 20 часот започнува ХАОСОТ?

ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ПЕКОЛОТ: Светот во паника, утре во 20 часот започнува ХАОСОТ?

Планетата е на работ на општ хаос! Примирјето меѓу вечните непријатели, САД и Иран, виси на многу тенко влакно, а часовникот неумолно отчукува. Додека дипломатите во Пакистан се обидуваа да најдат заеднички јазик, мировниот договор пропадна во вода, оставајќи го светот во страв од нов воен пламен.

Американскиот лидер, Доналд Трамп, ја шокираше јавноста со својата последна изјава. Тој јасно стави до знаење дека привременото прекинување на огнот, кое истекува утре точно во 20:00 часот, најверојатно нема да биде продолжено. Иако неговиот тим, предводен од Џеј Ди Венс, е подготвен за нова рунда разговори во Исламабад, пораките кои доаѓаат од Белата куќа се крајно контрадикторни и остри.

Од другата страна, Техеран одбива да клекне на колена. Мохамед Багер Галибаф, клучниот ирански преговарач, порача дека Исламската Република нема намера да дебатира додека Американците „држат пиштол во нивното чело“. Иранците се децидни – нема враќање на преговарачката маса сè додека Трамп не ги повлече своите екстремни барања.

Состојбата е алармантна. Додека Вашингтон и Техеран си играат „нерви“, војската е во состојба на највисока готовност. Дали ова се последните часови на релативен мир или дипломатијата ќе направи чудо во последната секунда? Светот го држи здивот до утре во 20 часот, кога ќе се знае дали Блискиот Исток и Америка влегуваат во досега најжестокиот судир во историјата.

Неизвесноста е на својот врв – секоја минута е важна!