Вистински филмски кошмар се одвивал вчера попладне на автопатот Скопје – Велес, каде за влакно била избегната трагедија од огромни размери. Патниците кои се движеле по оваа делница останале во шок кога пред нив се појавило возило кое со полна брзина се движело во погрешна насока, сериозно загрозувајќи го секој живот на патот.
Главниот протагонист во оваа опасна драма бил 81-годишен маж од Крива Паланка, кој со својот автомобил „Хјундаи“ со километри „пркосел“ на сообраќајните правила и логиката. Инцидентот се случил околу 17:30 часот, во време кога фреквенцијата на возила е зголемена.
За среќа, мобилната единица за безбедност на сообраќајот реагирала со молскавична брзина. Полициските службеници успеале да го пресретнат и запрат возилото кај наплатната станица „Сопот“, со што ставиле крај на оваа „руски рулет“ сцена на асфалтот.
„По насоки од јавен обвинител, лицето е веднаш приведено во полициска станица“, потврдија од полицијата.
Иако за среќа нема повредени и не е предизвикана директна сообраќајна незгода, СВР Велес веќе работи на случајот. Проти возачот М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава која дополнително ќе утврди како и зошто тој завршил во спротивната лента. Овој настан уште еднаш го отвора прашањето за контролата на способноста на повозрасните возачи во сообраќајот.
Останува само олеснувањето што вчерашната сообраќајна драма заврши само со притвор, а не со црна хроника.










