На 20.04.2026 година започнува временa изменa на сообраќајот поради санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државниот пат А1, делница Плетвар – Прилеп. Измената ќе трае до завршување на градежните работи. Сообраќајната согласност е со важност од 6 месеци.
СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ПРЕПОРАКИ ОД АМСМ
АМСМ препорачува прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно возење, особено на делниците:
- Катланово – Велес
- Маврово – Дебар – Струга
- Виница – Берово
- Кочани – Делчево
Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлини, речни долини и клисури поради можност од одрони.
СОСТОЈБА НА ПОЕДИНИ ДЕЛНИЦИ И ГРАДЕЖНИ РАБОТИ
- Охрид – Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тона (од 15.04.2026).
- А2 Гостивар – Стража: градежни активности на мост бр.7, времен режим.
- А2 мостови кај с. Желино: санација со времен режим во двата правци.
- А1 Смоквица – Гевгелија: активности за интерконективен гасовод, воспоставен времен режим.
- Скопска обиколница (А2): рехабилитација кај Волково – Кондово, затворена лента за претекнување.
- Р1202 Косоврасти – Мелнички Мост: санација на свлечиште со времен режим.
- Прилеп – Битола (Коридор 10Д): пренасочување на сообраќај преку регионалниот пат Лагово – Тополчани.










