ПРВ.мк
Спорт

Борец убедлив на гостувањето – четири пати ја тресеше мрежата на Превалец

Борец убедлив на гостувањето – четири пати ја тресеше мрежата на Превалец

Во рамки на 22. коло од Третата лига – ЈУГ, Борец одигра сигурен и ефикасен натпревар на гостувањето кај Превалец, каде што славеше со убедливи 0:4.

Гостите од самиот почеток ја презедоа иницијативата и не дозволија изненадување, контролирајќи го текот на натпреварот до самиот крај. Стрелци на головите беа Стефан Филиповски, Марко Миловановиќ кој двапати се запиша во листата на стрелци, како и Даниел Иванов.

Со оваа победа, Борец ја потврди добрата форма и продолжува со сериозни амбиции во продолжението од сезоната.