Општина Велес годинава повторно организира базар на ракотворби и цвеќе по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, кој ќе се одржи од 5 до 8 март.
Сите заинтересирани граѓани, како и правни и физички лица, можат да поднесат барање за тезга во Граѓанскиот сервис-центар, со обавезно наведување на:
- со што ќе учествуваат на базарот,
- контакт телефон.
Дополнително:
- правните лица треба да достават копија од тековната состојба,
- физичките лица – копија од лична карта.
Тезгите ќе бидат поставени на тротоарот на улицата „Благој Ѓорев“, на потегот од постојката кај „Панини“ надолу.
Рокот за поднесување барање е до 13 февруари.
За да се избегне сообраќаен метеж, сите изложувачи ќе мора да ги почитуваат точно утврдените термини за доставување и собирање на производите.

















