ПРВ.мк
Скопје

АКЦИЈА НА МВР: Жестока контрола во Скопје, 326 казни за едно попладне - Ова се деталите

АКЦИЈА НА МВР: Жестока контрола во Скопје, 326 казни за едно попладне - Ова се деталите

Во текот на вчерашниот ден (07.06.2026) во период од 13:00 до 19:00 часот, на подрачјето на град Скопје беше спроведена засилена акциска контрола во сообраќајот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност.

При контролата се изречени вкупно 326 мерки против возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.

Најголем дел од прекршоците се однесуваат на управување мотоцикл без заштитна кацига – 92 случаи. Дополнително, изречени се девет мерки за управување возило со несоодветна категорија, четири за нерегистрирани мотоцикли, шест за поминување на црвено светло, како и седум мерки за непочитување на даден знак за запирање.

Во текот на акцијата е констатирано и едно кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, а привремено е одземено едно возило поради сомневање за техничка неисправност (зголемена бучава).

Од надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел зголемување на безбедноста на патиштата.