ПРВ.мк
Скопје

СТАРТУВА НОВА УСЛУГА: Бесплатна психолошка поддршка за деца и млади - еве од кога!

СТАРТУВА НОВА УСЛУГА: Бесплатна психолошка поддршка за деца и млади - еве од кога!

Во Северна Македонија денеска официјално започна со работа првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти од ваков тип, кое ќе функционира во рамки на Институт за јавно здравје на Северна Македонија.

Советувалиштето ќе биде достапно за деца, тинејџери, родители и наставници, со цел да им се помогне во справување со емоционални, семејни и лични предизвици.

Директорката на Институтот, Марија Андоновска, истакна дека станува збор за единствен центар од ваков вид во земјата, каде стручни лица ќе работат со младите и нивните семејства преку разговори, насоки и психолошка поддршка.

Таа посочи дека услугите ќе бидат насочени не само кон надминување на проблемите, туку и кон подобрување на емоционалниот развој, комуникациските вештини и справувањето со секојдневни животни предизвици во различни возрасни периоди.

Како што беше нагласено, пристапот до услугите ќе биде олеснет преку системот „Мој термин“, со цел граѓаните да можат да закажуваат прегледи без чекање во приватни центри и без дополнителни трошоци.

Од Институтот порачуваат дека новото советувалиште претставува значаен чекор во унапредување на менталното здравје кај младата популација и подобра поддршка за семејствата и образовните установи.