ПРВ.мк
Скопје

Ветување за државна работа ја чинело 152.000 денари: Скопјанка и татко ѝ наседнале на измама преку социјална мрежа!

Ветување за државна работа ја чинело 152.000 денари: Скопјанка и татко ѝ наседнале на измама преку социјална мрежа!

Нова измама поврзана со лажни ветувања за вработување во државна институција е пријавена во Скопје, откако жена и нејзиниот татко останале без 152.000 денари, верувајќи дека ќе добијат сигурна работа преку „врски“.

Според информациите од МВР, 47-годишна скопјанка пријавила дека во периодот од 4 до 6 мај била измамена од машко и женско лице со кои најпрво комуницирала преку социјална мрежа и телефон.

Како што навела во пријавата, двете лица подоцна дошле и во нејзиниот дом, уверувајќи ја дека можат да ѝ обезбедат вработување во државна институција, но за тоа побарале пари.

Во неколку наврати, жената заедно со нејзиниот татко им давале парични средства, убедени дека навистина ќе биде реализирано ветеното вработување. Дури подоцна сфатиле дека станува збор за измама, по што случајот бил пријавен во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на лицата инволвирани во измамата.

Случајот уште еднаш отвори предупредување до граѓаните да бидат внимателни со понуди за вработување преку неформални контакти и социјални мрежи, особено кога се бараат пари за наводно посредување или „фаќање врски“.

Најнови вести