Службите на Ј.П. Комуналец Кавадарци денеска спроведуваат мулчирање на повеќе клучни сообраќајници во градот, вклучувајќи ги улиците Бел Камен, Ресавска, Западен булевар, Ѓорѓи Русковски, Дисанска, Васил Дубров, Домовица, Рајко Жинзифов и Благој Дафков.

Од претпријатието најавуваат дека мулчирањето ќе продолжи и во следниот период со цел сеопфатно подобрување на инфраструктурата низ целата општина. Со овие зафати се овозможува поуреден изглед на јавните површини и поголема функционалност за граѓаните.







