ПРВ.мк
Свет

Трамп ја враќа тврдата политика - смртна казна со стрелање и електричен стол

Трамп ја враќа тврдата политика - смртна казна со стрелање и електричен стол

Администрацијата на Доналд Трамп донесе нова одлука со која федералните затвори во САД добиваат насока да ги прошират начините за извршување смртни казни. Според американското Министерство за правда, целта е повторно да се зајакне примената на најстрогата казна за најтешките кривични дела.

Од Министерството соопштија дека ваквиот пристап, според нив, треба да испрати јасна порака против најсериозните злосторства и да обезбеди правда за жртвите и нивните семејства.

Оваа одлука доаѓа по период во кој претходната администрација воведе ограничувања за поголем дел од федералните егзекуции. Пред крајот на мандатот, Џо Бајден ја укина смртната казна за 37 од вкупно 40 федерални затвореници кои ја чекаа оваа казна.

Трамп, пак, уште на почетокот од враќањето во Белата куќа нареди продолжување на политиката за извршување смртни казни. Тој со години јавно ја поддржува ваквата мерка, а за време на неговиот прв претседателски мандат беа извршени 13 федерални егзекуции.

Во меѓувреме, дел од американските сојузни држави веќе воведоа или повторно активираа алтернативни методи за спроведување на смртната казна. Одлуката сега повторно ја отвора големата дебата во САД околу правдата, казнената политика и границите на државната моќ.