ПРВ.мк
Балкан

Протест пред Бугарската народна банка - еве што бараат граѓаните!

Протест пред Бугарската народна банка - еве што бараат граѓаните!
Kristal

Денес пред зградата на Бугарската народна банка во Софија се одржува протест против воведувањето на еврото.

Демонстрантите носат транспаренти со пораки како:

  • „Не за еврото“
  • „Време е да те слушнат, не за еврото“
  • „Што ќе ни е еврото, ако ја изгубиме Бугарија“

Исто така, се застапуваат барања за „директна демократија со референдуми“, поддршка за националната валута – левот и зацврстување на врските со Русија.

Сообраќајот во околината не е прекинат и се одвива нормално, а на местото на протестот е присутно засилено полициско обезбедување, јавува БТА.

FixCredit
Escape