ПРВ.мк
Свет

Во оваа земја се воведува данок на кондоми за да ги натера семејствата да раѓаат повеќе деца

Во оваа земја се воведува данок на кондоми за да ги натера семејствата да раѓаат повеќе деца
Kristal

Кинеските власти воведуваат нова, контроверзна мерка во обид да ја запрат демографската криза што со години ја мачи земјата. Од почетокот на јануари, кондомите и другите контрацептивни средства повторно ќе бидат оданочени, првпат по повеќе од три децении, што веднаш предизвика бурни реакции во јавноста.

Промената е дел од поширока стратегија со која државата сака да ги охрабри семејствата да имаат повеќе деца. Паралелно со новиот данок, воведени се и олеснувања за грижа за деца, како и даночни поволности за услуги поврзани со брак и семејство. Целта е јасна – повеќе раѓања во услови кога населението веќе неколку години по ред се намалува.

Иако ограничувањето за бројот на деца е зголемено на три, а низ провинциите се нудат субвенции, поддршка за ин витро процедури и дополнителен платен одмор за младенци, резултатите засега се слаби. Стареењето на населението и зголемената смртност дополнително ја продлабочуваат загриженоста на властите.

Во меѓувреме, се појавуваат информации за уште поригорозен пристап на локално ниво. Во некои региони, жените пријавиле дека биле контактирани од службеници со прашања поврзани со менструалниот циклус и плановите за бременост, што предизвика бран потсмев и критики на социјалните мрежи.

Експертите сметаат дека оданочувањето на контрацепцијата има повеќе симболично значење отколку реален ефект, но предупредуваат дека ваквите политики испраќаат силна порака за тоа какво семејно однесување државата го смета за „пожелно“, со можни последици најмногу врз жените.

FixCredit
Escape