ПРВ.мк
Свет

Путин најави пресврт во војната: Еве кој влегува во борбена готовност во 2026та

Путин најави пресврт во војната: Еве кој влегува во борбена готовност во 2026та
Kristal

Рускиот претседател Владимир Путин излезе со силни пораки за текот на војната во Украина, тврдејќи дека 2025 година претставува клучна пресвртница во воената кампања. Според него, руските сили ја презеле стратешката иницијатива долж целиот фронт и се подготвени за дополнително забрзување на офанзивата.

Говорејќи на состанок на одборот на Министерството за одбрана, Путин изјави дека руската армија во текот на 2025 година зазела стотици населени места и дека се работи на проширување на т.н. тампон-зона. Тој оцени дека вооружените сили имаат капацитет да дејствуваат поинтензивно во клучните стратешки области.

Во своето обраќање, Путин посебно се пофали со воената модернизација, нагласувајќи дека морнарицата добила нови подморници, како и десетици површински и помошни бродови. Дополнително, тој потврди дека Русија успешно тестирала напредни оружени системи, меѓу кои нуклеарната крстосувачка ракета „Буревестник“ и подводниот дрон „Посејдон“.

Најголемо внимание привлече најавата дека ракетниот систем „Орешник“ ќе биде ставен во целосна борбена готовност до крајот на годината, што, според Путин, дополнително ќе ја зајакне одбранбената и офанзивната моќ на земјата.

Во исто време, тој ги отфрли тврдењата дека Русија планира напад врз Европа, оценувајќи ги како намерно ширење страв и „чиста бесмислица“, наменета за вознемирување на европската јавност.

FixCredit
Escape