Во координирана акција на полицијата, во текот на ноќта меѓу 18 и 19 април, на повеќе локации низ Скопје биле приведени вкупно десет лица, меѓу кои и малолетник.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за лица на возраст од 15 до 50 години, од Скопје, како и едно лице од селото Јурумлери, додека двајца од приведените се странски државјани – од Хрватска и од Грција.
При извршените контроли, кај нив биле пронајдени и одземени различни видови наркотични супстанции, меѓу кои бела грутчеста и прашкаста материја, марихуана и таблети.
По целосно документирање на случаите, против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни пријави.










