Во село Воѓани, општина Кривогаштани, минатата ноќ избувна пожар кој целосно ја уништи куќата на Јане Благадушоски, човек познат по својата добрина и големо срце.
Преку нашиот медиум се упатува апел до сите хумани граѓани да помогнат финансиски за обновување на домот, за Јане да може повторно да живее безгрижно и сигурно.
Детали за донација:
- Трансакциска сметка: 270700006540756
- Банка: Халк Банка
- Примач: Јане Благадушоски
- Адреса: с. Воѓани, ул. Најдо Најдоски бр. 149
- Контакт: 079/266-512 – Бојан Благадушоски
Животот е непредвидлив и може секого да доведе до непријатни ситуации, затоа хуманоста е наша обврска.
















