ПРВ.мк
Македонија

ОХРИД ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО: Градот подготвен за дочек на Нова 2026 со музика и настани - еве кои се ќе настапуваат!

ОХРИД ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО: Градот подготвен за дочек на Нова 2026 со музика и настани - еве кои се ќе настапуваат!
Kristal

Општина Охрид најави голема и разновидна забавна програма по повод претстојните новогодишни и божиќни празници, која ќе трае од 27 декември до крајот на јануари 2026 година. Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека целта е да се создаде неповторлива празнична атмосфера за граѓаните и туристите од земјата и странство.

Централниот настан ќе биде дочекот на Новата 2026 година на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. Од 20 часот, публиката ќе ужива во настапите на македонската поп-ѕвезда Влатко Лозановски, охридската фолк икона Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески, како и диџеите Yuxell и Bagzi. Забавата продолжува и на 1 јануари со настапите на легендарната група „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“.

Новогодишната програма вклучува и проектот „Охридска новогодишна приказна“, кој започнува на 27 декември и нуди богата содржина за сите генерации. Предвидени се детски театарски претстави, музички фестивали, улични перформанси, концерти и хуманитарни настани, кои ќе се одржуваат и напладне и во вечерните часови.

Програмата започнува на 27 декември со хуманитарниот новогодишен базар „Вино и винил“ на Сараиште, детски претстави на плоштадот и културно-забавниот настан „Зимска бајка“ во НУЦК „Григор Прличев“. На 28 декември следуваат детскиот музички фестивал „Поточиња“ и меѓународниот зимски фестивал на улична уметност „Баскер фест“. На 29 и 30 декември ќе има нови детски претстави, комично шоу „Солзи и смеа“, настапи на Христијан Настески – Пајак, младинска рок група и „The Back Door Band“.

На 31 декември, покрај вечерниот дочек, публиката ќе може да присуствува на детска новогодишна претстава, концерт „Златни 80-ти“ во изведба на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ и диџеј настап.

Програмата продолжува и во јануари: на 19 јануари, по повод Богојавление – Водици, ќе настапат фолк дивата Елена Велевска и младата пејачка Елена Андоновска, додека на 20 јануари, за Денот на рибарите, во месноста Сараиште ќе настапат локални изведувачи од охридскиот еснаф.

Општина Охрид ги повикува граѓаните и посетителите да бидат дел од празничната магија и да ја почувствуваат новогодишната атмосфера во градот.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape