На 17 декември 2025 година, повеќе делови од Тетово ќе останат без струја поради планирани технички интервенции во дистрибутивната мрежа.
Според најавата, прекините ќе се случуваат во периодот од 09:00 до 14:30 часот и ќе зафатат различни делови од градот. Без електрична енергија ќе бидат објекти на улицата „Борис Кидрич“ и околината на поранешната печатница „Напредок“.
Дополнително, прекин е предвиден и во населбите Два Бреста и Певчина, каде струјата ќе биде исклучена од 09:20 до 13:00 часот.
Надлежните апелираат до граѓаните да ги прилагодат своите активности согласно најавените прекини и да ги преземат потребните мерки за безбедност и функционалност на своите објекти.
















