ПРВ.мк
Македонија

ОД МРАЗ ДО СОНЦЕ: Денот ќе донесе динамични временски услови - еве какво време не очекува!

ОД МРАЗ ДО СОНЦЕ: Денот ќе донесе динамични временски услови - еве какво време не очекува!
Kristal

Метеоролозите најавуваат дека утре времето ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови, по одделни котлини и речни долини, ќе има магла која постепено ќе се намали во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен, од северозападен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од –4 степени во Берово до 3 степени во Гевгелија, а максималните дневни од 10 степени во Берово до 15 степени во Гевгелија.

Во Скопје претпладне се очекува магла во делови од котлината, додека во текот на денот времето ќе биде сончево, тивко и со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат од -2 до 11 степени.

FixCredit
Escape