ПРВ.мк
Македонија

Високото јавно обвинителство со нов лидер - еве кој ќе ја предводи!

Високото јавно обвинителство со нов лидер - еве кој ќе ја предводи!
Kristal

Советот на јавните обвинители ја именува Наташа Крстевска Цалева за вршител на должноста Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, до изборот на нов шеф на обвинителството, но најмногу за период од шест месеци.

Определувањето на должноста беше единствената точка на дневниот ред на 33-та седница на Советот.

На почетокот на неделава, на 9 декември, Советот ја прифати оставката на поранешниот шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, по негово сопствено барање. Хајрулахи претходно беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека случајот е политички мотивиран и поврзан со неговото работење околу бонусите на СЈО.

Советот веќе во февруари годинава ја именуваше Крстевска Цалева за вршител на должноста шефица на Вишото јавно обвинителство, додека траеше оддалечувањето на Хајрулахи.

FixCredit
Escape