Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе важат од вечерва на полноќ.
Според одлуката, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2 денари и од утре ќе изнесува 71 денар по литар. За ист износ поевтинува и ЕУРОСУПЕР БС-98+, кој ќе се продава по цена од 73 денари за литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛОТ останува непроменета и ќе изнесува 66,5 денари по литар. Без промени е и цената на екстра лесното масло за домаќинство, кое и натаму ќе се продава по 65,5 денари за литар.
И цената на мазутот останува иста – 32,6 денари за килограм, соопшти Регулаторната комисија.
















